Новата претседателка на ДКСК: Нема да дозволиме притисоци и влијанија

Во свечена изјава во Собранието ветија дека ќе работат совесно одговорно а во изјавата пред медиумите шестмината нови членови и претседателката на Антикорупциска ветија дека ќе се борат против корупцијата и нема да подклекнат на притисоци.

–Како ДКСК ќе работиме независно и објективно и нема да дозволиме никаков притисок или влијание. Исто така би сакала да укажам дека како ДКСК во насока на штитење на интегритетот и јакнењето на довербата на народот, односно државата, ќе истражуваме, ќе испитуваме и ќе даваме препораки за спречувањето на корупцијата, изјави Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК

Покрај Антикорупциска, според Димитровска и медиумите, граѓаните, владините институции и мегународните организации имаат значајна улога во борбата со корупцијата. Најави дека ќе продолжи добрата соработка со Државниот завод за ревизија од каде доаѓа. За соработката со Обивнитрелството каде заглавуваа изницијативите на нивните претходници новата претседателка не сакаше да коментира додека не се запознае со состојбата и предизвиците на работното место

-И тоа како значајна карика во тој систем е Јавното обвинителство. Исто така, за нас е од особено значење секоја иницијатива или секоја покрената постапка да заврши со правосилна судска одлука што значи дека ќе настојуваме да ја интензивираме таа соработка се со една заедничка цел да ја спречиме корупцијата, рече Димитровска.

Новиот состав на Антикорупциска го сочинуваат ревизорите Татјана Димитровска, Цвета Ристовска и Зоран Богоевски, вработените во Антикорупциска, Билјана Каракашова-Шулев и Бесник Џемаиљи, судијката од Граѓанскиот суд Софија Спасова-Медарска и Сервет Демири од Ревизорското тело за европската претпристапна помош. Собрнанието ги избра во декември лани, откако беа прелдожени од комисијата за селекција. Издвоено мислење за нивниот избор имаше претставникот на невладиниот сектор во оваа комисија.

Очекувањата од новиот состав на Антиорупциска се големи со оглед стандардите што ги постави но и довербата и позитивните оценки што ги добиваше оваа институција изминатите години.