Нова трагедија ја зави Босна во црно: Пронајдени телата на две жени и еден маж

Во градот Добрљин кај Нови Град денеска се пронајдени тела на две жени и еден маж со тешки повреди, кои подоцна починале, изјавиле за Срна во Полициската управа во РС во Приједор.

Телата на две жени и еден повреден маж се пронајдени во станбена зграда во Добрљин. 

Од здобиените повреди мажот починал во болницата во Приједор.

Полицијата соопшти дека повеќе детали ќе бидат познати по завршување на истрагата.

Според неофицијални информации се работи за двојно убиство и самоубиство, додава Срна.