Анастасија Ражнатовиќ му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник Немања Гудеља во вилата на Цеца на Дедиње.
Тајната венчавка на Анастасија Ражнатовиќ и Гудељ се одржа во вила на Дедиње, а на прославата моментално присуствуваат најблиските роднини и пријатели.
За оваа пригода, младенците избраа елегантна торта во форма на замок од шест ката, а уживањето беше украсено и со посебни украсни цветови во сина, виолетова и розова боја.
Аранжмани на цвеќе како и бели и розови балони имаше насекаде во вилата на Цеца.
Вељко Ражнатовиќ, братот на Анастасија, на својот Инстаграм профил сподели слика со младенците, но и онаа на празничната маса со бабите и дедовците – родителите на Цеца.
Инаку, Анастасија и Немања Гудељ пред Бога се заколнаа на вечна љубов кон крајот на јули минатата година во манастирот Рајиновац.