Нови имформации за скандалот кој ја тресе Италија: Заниоло организатор на нелегално обложување! (фото)
Се разоткрива истрагата за нелегално обложување во кое се вмешани најмалку четворица италијански фудбалери, двајца репрезентативци.
Официјално, под истрага се Николо Фаџоли (Јувентус), Николо Заниоло (Астон Вила) и Сандро Тонали (Њукасл), а Никола Залевски (Рома) се испитува.
Италијанската агенција АНСА, повикувајќи се на свои извори од истрагата, во саботата објави дека Заниоло е организатор на обложување на онлајн платформите.
Наводно тој организирал цел обложувалнички синџир во кој биле Тонали, Фаџиоли и Залевски, како и уште неколку фудбалери од Серија А, чии имиња сè уште се непознати за медиумите.
И тоа е само прашање на време, бидејќи информациите за овој случај продолжуваат да „протекуваат“ од час во час. Овој скандал ги засени сите останати настани во Италија.
Доколку се утврди дека Заниоло бил организатор на обложувалниците, тој би можел да сноси многу потешки последици од другите инволвирани, особено ако сите заедно се обложувале на фудбалски натпревари.
Во Италија на професионалните спортисти им е забрането секаков вид обложување. Затоа, на фудбалерите им е строго забрането да се обложуваат на домашни фудбалски натпревари, како и на оние кои се под покровителство на УЕФА и ФИФА.
Облозите на натпревари беа демантирани од Тонали и Заниоло. Двајцата во обвинителството признаа дека се обложувале преку онлајн покер платформи, но не и на фудбал.
Во споредба со останатиот дел од групата, Заниоло е во најтешка позиција бидејќи постои сомневање дека тој ја организирал и ја проширил обложувачката мрежа, а во сето тоа удел имала дури и неговата мајка Франческа Коста. Засега таа не е под истрага, но лесно може да се случи таа заедно со синот да се најде на обвинителна клупа.
Италијанската јавност, на крајот на краиштата, сега ја интересира што уште ќе се открие како ќе напредува истрагата и кои познати имиња ќе се најдат на списокот на оние кои незаконски се обложиле.