Нови проблеми за Австралиецот – Ник Киргиос се повлекува од тенисот, а ова се причините

Ник Киргиос се повлече од Мастерсот во Синсинати. Австралиецот се мачи со повреда на зглобот, па реши да ја продолжи паузата иако претходно најави учество на турнирот.

Да потсетиме, тој е надвор од терените од почетокот на годината и во 2023 година одигра само еден натпревар. Тоа беше во Штутгарт и ги одмери силите со Ву кога загуби со 7:5, 6:3.

Тој падна на 92. место на листата, а по Мастерсот во Синсинати го очекува нов пад, бидејќи во Охајо лани стигна до четвртфиналето, каде загуби од Хуберт Хуркач од Полска

Мастерсот во Синсинати започнува во понеделник, а ждрепката е закажана за петок, 11. август. 

Во државата Охајо се враќа и најдобриот тенисер од Балканот, Новак Ѓоковиќ, кој нема одиграно ниту еден натпревар од финалето на Вимблдон