НОВ РУСКИ НАПАД ВО БЛИЗИНА НА ГРАНИЦАТА СО НАТО – Едно лице загина, голема паника во Романија: “Тие се поблиску!“
Нов напад на руски дрон ги погоди украинските пристанишни објекти во областа Измаил на реката Дунав, при што загина едно лице, објавија украинските медиуми.
Пристаништето и земјоделската инфраструктура се оштетени во нападот во текот на ноќта, како што објави Олех Кипер, гувернер на регионот Одеса.
Засега нема коментар од официјална Москва за пријавениот нов напад.
Областа Измаил, која се наоѓа помеѓу реката Дунав и Романија, членка на НАТО, исто така беше нападнат од руски дрон претходно оваа недела.
„Нападите насочени кон Украина се случија многу блиску до границата со Романија“, изјави во вторникот претседателот на членката на НАТО, еден ден откако руските беспилотни летала со експлозив паднаа во Дунав.
Украина тврдеше дека руски беспилотни летала паднале на романска територија за време на тој напад, но Романија тоа го негираше.
Русија почна да ги напаѓа украинските пристаништа откако се откажа од договорот на Обединетите нации со кој се овозможи безбеден извоз на жито меѓу двете земји преку Црното Море.
За потсетување, Украина е еден од најголемите светски извозници на пченица и пченка.