– Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска во 16:58 часот по локално време ја погоди југозападната романска област Горц, соопшти Националниот институт за истражување и развој на физика.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 15 километри, на околу 290 километри северозападно од Букурешт.
Земјотресот е почувствуван во областите Тимиш, Арад, Сибиу, Дољ, но и во Србија и Бугарија, а 20 минути подоцна е регистриран и земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала.