НОЌНАТА МОРА НА ВЛАДИМИР ПУТИН – Украинец тајно влегол во Русија, одел 600 километри и уништил три нуклеарни бомбардери: “Тој загина за да ги спаси своите другари…“

Украина ја слави неверојатната храброст на својот најхрабар командош шпион, кој со својата група успеа да навлезе повеќе дo 600 километри на територијата на Русија и да ги разнесе воените авиони на Владимир Путин.

Полковникот Олег Бабиј (32 г.) се осмели да уништи еден и да оневозможи два руски стратешки нуклеарни суперсонични бомбардери TU-22М3, од кои секој чини најмалку 31 милион фунти, а длабоко стационирани на руска територија.

Претседателот на УкраинаВолодимир Зеленски, минатата година постхумно го одликуваше Олег Бабиј со Орден за „Херој на Украина“ и со Орден на „Златна Ѕвезда“, но неговите дела дури сега се откриени.

Олег Баби
Олег Бабиј

Суперсоничните нуклеарни бомбардери што ги разнесе тој биле употребени за уништување на Украина по наредба на Владимир Путин, пишува The SunОлег Бабиј беше убиен во мисија, а сега е откриено како – во обид да ги заштити своите соборци од руски оган.

Како дел од извидничка група, Олег Бабиј патувал пеш повеќе од 600 километри низ непријателска територија за да изврши специјална борбена мисија: да го запре терористичкото бомбардирање на мирните украински градови од страна на Русите“, објаснува Володимир Зеленски.

Навлегувајќи длабоко зад непријателските линии, тие ја исполнија својата задача – уништија руски бомбардер TU-22М3 и онеспособија уште два, но самите претрпеа непоправливи загуби. Враќајќи се на територијата под контрола на Украина, извидничката група на полковникот Олег Бабиј падна во заседа и влезе во нерамноправна битка со руските освојувачи“, открива претседателот на Украина.

Како што се наведува понатаму, додека го прикривал заминувањето на своите соборци, тој бил смртно ранет и починал.

Украина не ја откри локацијата на нападот. Меѓутоа, во август минатата година, кога бомбардерот TU-22М3 беше уништен од украинско беспилотно летало, а имаше тврдења дека тоа се случило на аеродромот „Солци“ во Русија.

Тогаш беше објавено дека инцидентот бил извршен од внатрешноста на Русија, бидејќи бил користен дрон кој не можел да лета од Украина. Сега е откриено дека зад сето тоа стои украински шпионски тим. Тоа беше првпат Украина целосно да уништи ваков руски авион.

Оваа акција беше огромен срам за Владимир Путин и укажа на недостатокот на безбедност и против-воздушна одбрана во базите што ги користи за напади врз Украина.

Украинците тврдат дека ова била една од деветте успешни извидувачки мисии зад непријателските линии што ги извршил Олег Бабиј. Тој, исто така, влегол во окупираните региони на Украина десетина пати за да го организира и поддржи движењето на отпорот на привремено окупираните територии и зад непријателските линии.

Тој индетификувал околу 70 цели како што се непријателските командни пунктови, воена и инженерска опрема.

Благодарение на успешното извршување на задачите на групата на полковникот Олег Бабиј, беше можно да се наруши логистиката на напаѓачите, да се уништат важни објекти и елементи од критичната инфраструктура“, наведува понатаму Володимир Зеленски во образложението за наградата за Олег Бабиј.

Целите единици на руските окупаторски сили ја загубија борбената ефикасност, системот на команда и контрола на трупите и оружјето, претрпеа прекин во комуникацијата, а потоа претрпеа загуби“, изјави претседателот на Украина.

Полковникот Олег Бабиј ги оставил зад себе сопругата и двете деца.

Приказната за Олег Бабиј излезе на виделина набргу по тврдењата дека Украина убила 65 свои воени заробеници во мистериозната несреќа на воениот авион IL-76 во близина на границата со Украина.

Во меѓувреме, пред неколку дена, друго украинско беспилотно летало удри во голем магацин за нафта во близина на една од палатите на Владимир Путин.