НСП: За пет дена, седум напади врз полицајци

Во последните пет дена имало седум напади врз полициски службеници, реагираат од Независниот полициски синдикат. 

Претседателот на независниот полициски синдикат Гоце Делчев, денеска на прес-конференција пред Министерството за внатрешни работи, повика министерот Оливер Спасовски и МВР да ги поддржат полицајците кои се почесто стануваат мета на напади. 

Од Независниот сидникат, исто така, најавуваат дека ќе постават бројчаник на триумфалнната капија во центарот на Скопје, кој ќе го прикажува бројот на нападнати полициски службеници.