Нутриционистот Џинан Бана откри кој тип на ултра-обработена храна треба целосно да го избегнувате, откако неодамнешното истражување покажа дека овој вид на храна може да го скрати животниот век за 10 проценти.
Јадењето ултра-обработена храна често може да доведе до поголем ризик од развој на здравствени состојби како што се деменција, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања, според Американското медицинско здружение.
Џинан Бана, професорка по исхрана, зборуваше за CNBC за ултра-обработена храна и рече дека го ограничува нејзиниот внес, а особено еден вид.
„Некои ултра-обработени намирници кои никогаш не би ги конзумирала, како што се сокови со додаден шеќер“, изјави таа.
Таа објасни дека овие сокови немаат никаква хранлива вредност освен калории во форма на шеќер. Значи, тоа се празни калории, кои не ни обезбедуваат ниту една од хранливите материи што ни се потребни.
Кога пиете сок со додаден шеќер, тој многу брзо се вари и може да направи да се чувствувате гладни, додава таа, што може да доведе до јадење повеќе храна отколку што сте планирале.
Наместо засладени сокови, Бана избира различни видови чај и вода, негазирана или газирана.
„Понекогаш пијам ладен чај од хибискус. Обичната вода е, се разбира, одлична алтернатива. Дури и кафето може да биде опција, се разбира, ако се консумира умерено“, изјави таа.
Диететските газирани пијалоци и другите ултра-обработени пијалоци се најобработената храна што Американците ја консумираат, според неодамнешната прелиминарна студија која ги анализирала податоците за исхраната собрани од 1995 година на повеќе од 500.000 Американци на возраст од 50 до 71 година. Податоците беа користени за да се утврди дали има поврзаност помеѓу изборот на исхрана и стапката на смртност во период од речиси 30 години.
Од 124 храни, ултра-обработените пијалоци беа храна број 1 што ја консумираат луѓето кои имале најголем внес на ултра-обработена храна. Студијата исто така покажа дека животниот век на оние чија исхрана е богата со ултра-обработена храна може да се скрати за повеќе од 10 проценти, според Си-Ен-Ен.