Обвинение за несреќата во која загина Фросина, на Јованов му се заканува затворска казна од 20 години

Скопското обвинителство поднесе обвинителен акт против возачот Васил Јованов, кој удри и ја усмрти младата жена Фросина Кулакова, која почина на лице место додека минуваше на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.

Јованов се товари за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и се соочува со максимална казна од 20 години.

Според прибраните докази од Обвинителството, Јованов на 29 јануари 15 минути по полноќ без возачка дозвола со автомобил „пежо 207“ сопственост на неговиот татко удрил во Кулакова која со зелено пешачко светло поминувала на обележан пешачки премин.

Се бара на Јованов да му биде продолжен притворот поради опасност од бегство и страв дека ќе го повтори делото.