Американскиот музички магазин Билборд објави листа на најдобрите пејачки на 21 век, која предизвика бројни реакции бидејќи на неа се најдоа некои неочекувани имиња.
Очекувано, Тејлор Свифт се најде на врвот на листата. Досега има освоено 14 Греми. На второ место е Ријана, која последниот албум „Anti“ го објави во 2016 година. Бијонсе се најде на третото место.
Следни се Адел, Кети Пери, Лејди Гага, Пинк, Аријана Гранде, Мајли Сајрус и Алиша Кис. Изненадувачки, Бритни Спирс се најде на 14-то место. Нејзините обожаватели го изразија своето незадоволство на социјалните мрежи.
“Бритни дефинитивно треба да биде во топ 10. Таа е кралица на женскиот поп”, “Таа влијаеше на повеќето пејачки кои влегоа во топ 10. Како Бритни не е во првите пет?” ,,Кети Пери е петта, некој се шегува?”, се дел од коментарите.
Обожавателите на Бијонсе се бесни бидејќи Тејлор Свифт повторно ја ,,прегази”.
„Мразам кога луѓето ја потценуваат нејзината работа. Таа напорно работи од првиот ден“, „Заслужи повеќе“, мислат тие. Мараја Кери, Џенет Џексон и Мадона се меѓу женските музичари кои исто така не успеаја да влезат во топ 10.
Комплетната листа на најдобрите пејачки на 21 век според Билборд е следнава: Тејлор Свифт, Ријана, Бијонсе, Адел, Кети Пери, Лејди Гага, Пинк, Аријана Гранде, Мајли Сајрус, Алиша Кис, Кели Кларксон, Мараја Кери, Кери Андервуд, Бритни Ејлили, Спирс, Лавињ и Кристина Агилера.