ОБЈАВЕНА СЛИКА НА МАЈКА И ЌЕРКА ОСЛОБОДЕНИ ОД ХАМАС: Вака изгледаат по 2 недели во заробеништво (ФОТО)

Хамас ги ослободи мајката и ќерката Џудит и Натали Ранан по две недели во заробеништво и му ги предаде на Израел, потврдија од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Објавена е и фотографија од Џудит и Натали на која можете да видите како изгледаат сега. На сликата меѓу нив двајца има маж со панцир кој ги држи за двете раце.

Ослободени се од „хуманитарни причини“ бидејќи мајката е во лоша здравствена состојба, изјави извор запознаен со преговорите.