Објавени детали од разговорот Путин-Трамп: Договорено е да се запрат нападите врз енергетската инфраструктура на Украина

Светските медиуми почнаа да објавуваат информации за деталите од денешниот телефонски разговор меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Путин се согласил да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, објавија руските државни медиуми.

Тие велат дека Путин и наредил на војската да ги запре нападите врз тие цели на 30 дена.

Се наведуваат и детали поврзани со разговорите за прекин на огнот во Украина.

„Лидерите се согласија дека движењето кон мир ќе започне со енергетски и инфраструктурен прекин на огнот, како и технички преговори за спроведување на поморскиот прекин на огнот во Црното Море, целосен прекин на огнот и траен мир“, се вели во соопштението.

За тоа кога и каде ќе се одржат преговорите за прекин на огнот, се вели:

„Овие преговори ќе започнат веднаш на Блискиот Исток. Лидерите нашироко зборуваа за Блискиот Исток како регион на потенцијална соработка во спречувањето на идните конфликти.

За „стратешкото“ оружје, што е очигледна референца за нуклеарно оружје:

„Тие понатаму разговараа за потребата да се запре ширењето на стратешкото оружје и ќе се ангажираат со други за да се обезбеди најширока можна примена.

Тие разговараа и за пошироките американско-руски врски.

„Двајцата водачи се согласија дека иднината со подобрени билатерални односи меѓу Соединетите Држави и Русија ветува големи ветувања. Ова вклучува огромни економски придобивки и геополитичка стабилност откако ќе се постигне мир“.