Објавен распоредот на натпреварите од Премиер лигата: Четири големи дербија ќе се играат во првите пет кола
Англиската Премиер лига го објави распоредот на натпреварите за следната сезона, а во првите пет кола ќе видиме четири големи дербија.
Англиското првенство започнува во петок, 15 август, со натпревар во 21 часот на „Енфилд“ помеѓу шампионите Ливерпул и Борнмут, а во првото коло во недела, 17 август на „Олд Трафорд“, со почеток во 17:30 часот, Манчестер Јунајтед ќе го пречека Арсенал.
Во 3-то коло на 30 август ќе се сретнат двата најдобри тима од минатата сезона кога Ливерпул ќе биде домаќин на Арсенал, додека дербито од 4-то коло ќе се игра помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед на 13 септември.
Во 5-то коло на 20 септември ќе се соочат Арсенал и Манчестер Сити, а не помалку интересни ќе бидат и дуелите меѓу Ливерпул и Евертон, и Манчестер Јунајтед и Челзи.
Целосниот распоред на натпреварите од Премиер лигата за сезоната 2025/2026 може да се погледне на овој линк .