ОБЈАВЕН ТАЕН ДОКУМЕНТ ШТО ГО ШОКИРАШЕ СВЕТОТ – Израел знаел за плановите на Хамас една година пред 7. октомври !?
Израелските власти знаеле за деталните планови за голем напад на Хамас повеќе од една година пред масакарот на 7. октомври, во кој загинаа околу 1.200 војници и цивили, објави угледниот весник New York Times (NYT).
И покрај предупредувањето, властите во Тел Авив ја отфрлиле заканата како неверојатна.
Угледниот дневен весник го објави извештајот врз основа на документ на Хамас од 40 страници со кодно име – „Jericho Wall“. Овој документ наводно паднал во сопственост на израелската разузнавачка служба.
Детали за голем напад како оној што го извршија екстремистите на 7. октомври врз израелските населби долж границата со Појасот Газа биле дел од документот. Во овој документ, кој беше пуштен во оптек во разузнавачките кругови, не бил наведен датумот на можниот напад, туку биле прецизирани точки поврзани со израелскиот безбедносен систем и напади врз градови и воени бази.
Во документот се наведени планови за ракетни напади, напади со беспилотни летала кои ги уништуваат безбедносните камери и одбранбените системи и борци кои преминуваат на израелската страна со параглајдери, автомобили и пеш. Сепак, не било можно да се „утврди“ дали овој план бил одобрен од раководството на Хамас и што тој би можел да значи во реалноста, се вели во документот на внатрешната израелска Армија виден од New York Times.
Во реалноста, Хамас го изврши нападот со неверојатна и шокантна прецизност следејќи ги овие планови. Членовите на Хамас користеле дури и цитат од Куранот, кој бил дел од планот за напад, кој гласел:
„Изненадете ги низ портата. Ако го направите тоа, сигурно ќе победите“.
Овој стих првично беше упатство за Евреите предводени од Мојсеј да се потпрат на Бог кога ќе се соочат со голем непријател. Кога израелските служби дошле до овој документ минатата година, оценката на военото разузнавање била дека „се уште не е можно да се утврди дали планот е целосно прифатен и како ќе се спроведе“, пишува весникот.
Во јули израелското разузнавање добило второ предупредување од жена која работела како аналитичар во агенцијата за разузнавање сигнали.
Таа споделила информации дека Хамас спроведува вежби кои целосно одговараат на содржината на документот со кодно име „Jericho Wall“. Таа исто така кажала дека борците на Хамас го користат истиот цитат од Куранот за време на обуката.
Таа, исто така, предупредила дека воените капацитети на Хамас се зголемуваат, но не сугрирала дека нападот е неизбежен.
Израелскиот полковник задолжен за Појасот Газа ги отфрлил обвинувањата, нарекувајќи го планот на Хамас „целосно неверојатно“ сценарио и предложил да се „почека“. New York Times заклучи дека Израелците не ги сфатиле сериозно предупредувачките знаци поради фатално неточното верување дека Хамас нема способност да нападне и дека нема да се осмели да го стори тоа, што ја натера Владата на Бенјамин Нетанјаху да игнорира сè повеќе докази за спротивното.
ПРИМИРЈЕТО ЗАВРШИ – ВОЈНАТА ПРОДОЛЖИ
Најмалку 29 Палестинци, меѓу кои и деца, загинаа во израелското бомбардирање на Појасот Газа, соопштија денес здравствените работници во Појасот Газа под контрола на Хамас.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека извршуваат нов бран воздушни напади врз цели на Хамас во Појасот Газа. Вчера беше 56-тиот ден од војната меѓу Израел и Хамас, борбите беа обновени по седумдневниот прекин на огнот.
Примирјето истече во седум часот наутро. Хамас ослободи 70 свои израелски заложници и околу 30 двојни државјани во замена за ослободување на 210 Палестинци кои се држат во израелските затвори.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, го обвини Хамас за кршење на примирјето, кое тврди дека одговорноста е на САД и меѓународната заедница.