Оваа девојка со својата исповед предизвика голема ‘бура’ на социјалните мрежи: “Се омажив со кумот, му родив деца а една реченица ми ги отвори очите…“ (видео)
Една жена од Велика Британија го сподели своето несекојдневно искуство на социјалните мрежи и луѓето најдоа оправдување за нејзината постапка додека за многумина истата е многу лоша.
Британката Дезире Вајт го раскажа своето необично љубовно искуство на социјалната мрежа ТикТок и со својот пример покажа дека во љубовта се е можно и дека таа нема граници.
Имено, таа раскажува дека повеќе од десет години е во среќен брак со Брајант, со кој има четири деца, додека пред 20 години ова било незамисливо откако тој бил кумот на нејзината свадба со нејзиниот поранешен сопруг.
За работите да бидат уште поневеројатни, тројцата се познаваат уште од тинејџерските денови и тогаш биле многу блиски пријатели.
„Јас бев личност кај која Брајант доаѓаше за совет, а ми даваше и совети за врските. Ние се погодувавме од самиот почеток, а имаше нешто во него што ни го олесни поврзувањето“, раскажала жената во видеото кое предизвика многу внимание на социјалната мрежа.
Дезире открила дека Брајант често приредувал забави на кои присуствувал нејзиното тогашно момче, кое редовно ја изневерувало. Меѓутоа, таа се омажила за него без да се посомнева дека е прељубник.
„Брајант знаеше што прави мојот поранешен зад грбот, дека не ми е верен“, рекла таа.
На денот на венчавката се се одвивало без проблеми, а потоа свадбениот говор ја уништил церемонијата. Имено, Брајант бил кум, а паднал под дејство на алкохол, а потоа во пијан признал дека отсекогаш ја сакал Дезире.
„Таа вечер Брајант ми кажа за време на нашиот последен танц: Зошто не ми даде шанса ? Секогаш би се грижел за тебе“, раскажува таа и нагласи дека не го сфатила сериозно.
Меѓутоа, по една година брак, Дезире сфатила дека нејзиниот сопруг е прељубник и веднаш побарала развод, додека утехата ја нашла во кумот.
„Брајант едноставно беше тука за мене, еден ден се бакнавме и ми се допадна, а потоа станавме повеќе од пријатели. Прво бевме пријатели, потоа почнавме да излегуваме и станавме пар, а потоа се венчавме. Сега сме во брак десет години и имаме четири деца“, заклучила оваа Британка.