Оваа е причината поради која се скараа Цеца и Мира Шкориќ: Никогаш нема да прозборам со неа (фото)

Еднаш беа неразделни другарки, а веднаш потоа се скараа и никој не можеше да разбере зошто Светлана Цеца Ражнатовиќ и Мира Шкориќ не разговараат.

„Што се однесува до нашата врска, можам само да кажам дека секоја врска има свој почеток и свој крај, и тоа секогаш со причина“, изјави Цеца.

Од друга страна, Мира истакна дека во моментот кога доживеала голема семејна трагедија, Цеца не и’ се ни јавила:

„Точно е дека Цеца не изрази сочувство. Не ми се јави, не ми прати порака. Покрај кралицата на сите времиња Зорица Брунцлиќ, првпат ќе откријам, Јелена Карлеуша беше со мене во тие тешки моменти и најпрва ми изрази сочувство. Цеца не го направи тоа. Се разбира, не обвинувам никого. Секој има свои причини, но вистината е таа – рече таа и додаде:

Мира Шкориќ

Браковите се распаѓаат по четириесет години, а не едно пријателство. Нема шанси јас прва да се смирам. Тоа што е меѓу нас веќе не е ни важно. Не сум скарана со неа, едноставно не комуницираме, не се дружиме. Еве, пресечете едно јаболко на половина, па обидете се да го составитњ. Не може да биде исто. Така, ниту еден од нас не може да биде како порано“.

Конфликтот меѓу Мира Шкориќ и Цеца Ражнатовиќ, барем според пејачката Мира Шкориќ, не може да се надмине:

„Не би дала причина затоа што нема, само имаше прекин во комуникацијата. Ние двете не размислуваме исто, едноставно не сме исти. Знам дека порано бевме како едно ама сега не комуницораме.Јасно ми е дека сепак не треба да се прави магаре од комарец.

Цеца е голем уметник, ѕвезда и за тоа не станува збор. Во минатото секогаш имав добро мислење за неа – изјави Мира Шкориќ и нагласи дека нема простор за помирување.

,,Никогаш нема да се смирам со Цеца. Не би ни зборувала за тоа, повеќе би сакала да молчам. Ѝ ја посакувам сета среќа на светот“, заврши Шкориќ.