ОВАА ИСПОВЕД НА ЉУБОВНИЦАТА НА ТИТО ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ: По 60 години го разоткри претседателот на Југославија, еве што откри

По 60 години молк, една од најпознатите љубовници на Тито, Херта Хас, проговори за бурните односи со поранешниот југословенски претседател, со кој го има синот Миша.

Херта ја откри темната страна на љубовната приказна со Јосип Броз за потребите на новиот филм на Лордан Зафрановиќ, чија премиера, според загрепскиот неделник Глобус, се очекува на крајот на ноември. Некои детали за врската меѓу Тито и Херта за Глобус открил Зафрановиќ, кој објаснил дека Херта Хас за себе и Тито зборувала 14 часа, два пати по два дена. Иако Тито имал љубовна врската со неа, 91-годишната Херта, која живее во Белград со своите ќерки, вели дека нема ништо против него, тврдејќи дека војната ги разделила.

Љубовната приказна на Тито и Херта Хас започна во 1937 година во Париз, кој тогаш беше левичарска интелектуална метропола. Тие не се венчале, бидејќи Тито бил илегалец, а се разделиле во Јајце во 1943 година, на Второто заседание на АВНОЈ.

Ти тоа

Низ неа и приказните на други сведоци, освен ликот на солиден политичар, се открива и другата страна на Тито. Неговата хедонистичка природа и епитетот женскарош се потврдува и со тоа што Јосип Броз за време на врската со Херта имал љубовница Даворјанка Пауновиќ, чие партизанско име беше Зденка.

Таа беше и негова секретарка, а многумина ја сметаат за најголема љубов на Тито. Кога умрела од туберкулоза во 1947 година, по негова наредба била погребана во паркот на гостинската куќа на Дедиње.

Еден од непознатите детали кои Херта Хас ги откри во својата исповед е кога фалсификуваниот пасош му го однела на Тито во Истанбул, каде што застанал на враќање од Москва. Во тоа време носел резолуција која морала да се препрати во Загреб, но бидејќи на Херта веќе и станала сомнителна, хартиите морале добро да се сокријат, па ги завиткале, ги ставиле во кондом и сето тоа во туба со паста за заби.

„Кога си илегалец, треба да штедиш на се, освен на својот изглед. Никогаш не штеди на тоа“, бил советот на Тито на Херта, која во една прилика во 1938 или 1939 година била претресувана од глава до пети по пристигнувањето во Сплит. Тогаш бил промашен Тито, кој имал кожен куфер, а картонскиот на Херта го привлекло вниманието на полицијата.

Ова се само дел од ситуациите од нивната врска кои ќе бидат прикажани во филмот на Лордан Зафрановиќ.