Ако имате проблеми со висок крвен притисок, или хипертензија, тогаш сигурно веќе знаете дека здравата исхрана е еден од најефикасните начини за подобрување на состојбата. Истражувањата покажуваат дека е многу важно да се консумира овошје, зеленчук и протеини, пишува Индекс.
Диететичарите велат дека треба да избегнуваме храна богата со шеќер и натриум, кој е еден од најважните диететски фактори поврзани со високиот крвен притисок.
За да знаете што да избегнувате, диететичарите издвоија 11 намирници кои можат да го зголемат крвниот притисок. Тоа се:
-сол;
-готови сосови;
-заситени и транс-масти;
-пржена храна;
-брза храна,
-конзервирана, замрзната и преработена храна;
-сувомеснто;
-грицки;
-кофеинот;
-алкохол;
-слатки и газирани сокови.