Група канадски научници дошле до заклучок дека полифенолите најактивно го стимулираат производството на тестостерон.
Затоа, производите заситени со овие супстанции најбрзо го зголемуваат нивото на машките хормони во крвта.
Тестостеронот е хормон кој влијае на многу различни функции во телото. Примарно придонесува за развој на липиди, коскена маса, дистрибуција на масти и производство на црвени крвни зрнца. Тоа влијае и на мускулната маса и сила.
Како што пренесува Daily Mail, научниците составиле еден вид топ листа на храна која е богата со полифеноли.
Листата вклучува зелен чај, грозје, целер, јаболка, грав и грејпфрут. Овие производи се богати со флавоноиди кои ги активираат гените одговорни за производство на тестостерон.
Интересно е што не се споменува месо и други производи кои многу нутриционисти долго време ги нарекуваат главен извор на тестостерон.
Симптомите на низок тестостерон вклучуваат еректилна дисфункција, неплодност, гинекомастија, намален раст на косата, намалена мускулна маса и губење на коскената густина.
Покрај диетата, нивото на тестостерон може да се зголеми и со правилно спиење (седум до девет часа), избегнување на стрес и кревање тегови.