ОВА Е БРОД од 1.400 метри КОЈ ТРАЈНО ЌЕ КРСТАРИ ПО СВЕТСКИТЕ МОРИЊА: Ќе биде ПЕТ ПАТИ ПОГОЛЕМ од најголемиот носач на авиони во светот
На врвот на оваа зграда ќе има аеродром со писта за мали приватни и комерцијални авиони, што ќе овозможи превоз на патници или испорака на потребната храна.
Американската компанија „Freedom Cruise Line International“ по десет години планирање и инвестирање треба да започне со изградба на „Freedom Ship“ (Freedom Ship). Станува збор за таканаречен пловечки град, долг 1.370 метри и висок 106 метри, кој трајно би крстосувал по светските океани – никогаш не останувајќи на едно место доволно долго за да не им здодее на оние на него, пренесува „Панкуфер“.
Man, they keep changing the Freedom Ship design. pic.twitter.com/wf0FKK1R9M
— Jeff Richman 🎃🎄 (@jcrichman) October 31, 2023
„Freedom Cruise Line ќе биде најголемиот брод што некогаш бил изграден“, рече Roger M. Gooch, директор и потпретседател на Freedom Cruise Line International со седиште во Флорида.
Тој би требало да биде пет пати поголем од сегашниот најголем носач на авиони во светот, класата USS Gerald R. Ford. На сликите генерирани со помош на компјутерска програма, овој брод за слобода изгледа како некаков пловечки паркинг на 25 ката.
На „Бродот Фридом“ треба да се градат и станови, училишта, болници, уметнички галерии, продавници, паркови, аквариуми и слично. На врвот на оваа зграда ќе има аеродром со писта за мали приватни и комерцијални авиони, што ќе овозможи превоз на патници или испорака на храна.
Желбата на компанијата зад овој проект е пловечкиот град на бродот да има 40.000 постојани жители, 30.000 дневни посетители, 10.000 повремени гости и 20.000 членови на екипажот и вработени во институции.
Please make the Freedom Ship.
— Jeff D. Lowe (@JeffDLowe) March 24, 2021
Please… pic.twitter.com/XZplCho1PF
Проектот првпат беше предложен во деведесеттите години на минатиот век. Тоа ја одразува визијата за мобилна океанска колонија која не подлежи на законите на која било држава, каде што луѓето би можеле да живеат, работат или да уживаат во пензионирањето без никакви ограничувања.
Реализацијата на овој проект се чекаше толку години поради немањето потребни средства за негова изградба. Се претпоставува дека „Бродот на слободата“ ќе чини околу 10 милијарди евра, додека сместувањето на него би требало да чини од 175.000 до 10 милиони евра, во зависност од избраната сместувачка единица.