ОВА Е ДОЛГОРОЧНИОТ ПЛАН НА САД ЗА УКРАИНА – Објавени тајни документи од Стејт департментот: “Една работа може да ги поттикне западните сојузници да ја повлечат поддршката“

Официјални лица во администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, се многу повеќе загрижени за корупцијата во Украина отколку што јавно признаваат, се вели во доверливиот американски стратешки документ до кој дојде угледниот весник Politico.

Чувствителна, но некласифицирана верзија на долгорочниот план на САД, прикажува голем број чекори што Вашингтон ги презема за да му помогне на Киев да ги искорени злоупотребите и на друг начин да реформира низа украински сектори. Се нагласува дека корупцијата може да ги натера западните сојузници да ја повлечат поддршката за Украина, доколку Киев не започне сериозна антикорупциска кампања.

Перцепциите за корупција на високо ниво се голем преиоритет“, предупредува доверливата верзија на документот, а истите може да ја поткопаат довербата на украинската јавност и странските лидери во воената Влада. Таквата реторика е поостра од анализата достапна во јавната верзија на документот од 22 страници, кој Стејт департментот го објави на својата веб-страница без многу помпа пред околу еден месец.

Класифицираната верзија наречена – „Интегрирана државна стратегија“ – е околу три пати пообемна и содржи многу повеќе детали за целите на САД во Украина. Од приватизацијата на банките и помагањето на повеќе училишта да учат англиски до охрабрување на Армијата да ги прифати протоколите на НАТО. Многу од целите се дизајнирани да ја намалат корупцијата што ја измачува земјата уништена од војната.

Володимир Зеленски

Американската администрација сака да ја притисне Украина да ја запре корупцијата, но тоа што е премногу гласно за ова прашање може да ги охрабри противниците на американската помош за Украина. Многу републикански конгресмени кои веќе се обидуваат да ја блокираат американската помош тешко дека би го поздравиле тоа. Секоја перцепција за ослабената американска поддршка за Киев може да доведе повеќе европски земји да ја преиспитаат сопствената помош за Украина.

Украинската корупција долго време ги загрижува американските власти. Но, таа тема падна во втор план по инвазијата на Русија во февруари 2022 година, која Џо Бајден ја нарече борба на демократијата против автократијата.

Со месеци, помошниците на Џо Бајден продолжија да пренесуваат односно да откриваат референци за корупција. Тие сакаа да покажат солидарност со Киев и да избегнат да ги охрабруваат републиканските конгресмени да ја критикуваат американската воена и економска помош за Украина.

Повеќе од една година од почетокот на војната, американските власти се повеќе го нагласуваат ова прашање јавно и приватно. Советникот за национална безбедност, Џејк Саливан, се состана со делегација на украинските антикорупциски институции на почетокот на септември.

Друг американски функционер запознаен со дискусиите ги потврди извештаите на весникот Politico дека администрацијата на Џо Бајден разговара со украинските лидери за потенцијално условување на идната економска помош. 

Реформи за борба против корупцијата и правење од Украина поатрактивно место за приватни инвестиции, но таквите услови не се земаат предвид за воена помош“, нагласил функционерот.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина не одговорил на барањата за коментар од споменатиот весник, но украинскиот претседател Володимир Зеленски отпушти неколку високи претставници на одбраната во неодамнешната антикорупциска акција. Ова секако беше порака до Соединетите Американски Држави и Европа дека тие ги слушнат нивните забелешки.

Интегрираната државна стратегија“ е производ на Стејт департментот кој се потпира на придонес од други делови на американската Влада, вклучувајќи го и Министерството за одбрана. Содржи списоци на цели, рокови за нивно постигнување и пресвртници кои американските власти би сакале да ги постигнат. Стејт департментот смислува такви стратегии за многу земји на секои неколку години.

Вилијам Тејлор, поранешен американски амбасадор во Украина, вели дека многу обични Украинци веројатно ќе ја поздрават стратегијата бидејќи и тие се уморни од корупцијата во нивната земја.

Во документот се вели дека исполнувањето на американските цели за Украина вклучува исполнување на американските ветувања за опрема и обука за да им се помогне на вооружените сили на Украина да се одбранат од нападите на Кремљ. Доверливата верзија, исто така, ги опишува американските цели како помагање за реформирање на апаратот за национална безбедност на Украина за да се овозможи децентрализиран, толерантен пристап на ризик за извршување на задачите и намалување на можностите за корупција.

Иако НАТО не е блиску до прифаќање на Украина како членка, американската стратегија често ја наведува желбата украинската Армија да ги прифати стандардите на НАТО.

Очекуваната пресвртница наведена во доверливата верзија е дека Министерството за одбрана на Украина воспоставува професионализиран помлад офицерски и подофицерски корпус со стандардна доктрина и принципи на НАТО. И форматот и содржината на украинските одбранбени документи треба да ја одразуваат терминологијата на НАТО, се вели во доверливиот дел од стратегијата.

Една цел вклучува создавање план на национален отпор. Ова може да алудира на обичните Украинци кои возвраќаат ако Русија освои повеќе територии. САД, исто така, сакаат да видат Украина да произведува своја воена опрема преку воспоставување домашна одбранбена индустрија способна да ги поддржи основните потреби, како и средина што ги поттикнува новите одбранбени информатички технологии.

Се чини дека САД сакаат да им помогнат на украинските институции да го изградат својот капацитет за надзор. Наведените цели вклучуваат сè, од помагање на локалните власти да проценат ризик и корупција до реформирање на канцелариите за човечки ресурси.