Ова е сериозна повреда! Фудбалерот на Црвените Ѓаволи ќе ја пропушти цела сезона

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез најверојатно ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната откако ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото.

Мартинез се повреди на натпреварот против Кристал Палас кој Јунајтед го загуби со 2-0. Во 82. минута заработи тешка повреда поради која мораше да биде изнесен од теренот на носилки.

Темните претскажувања се остварија, а аргентинскиот фудбалер ја доживеа најтешката повреда, па ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Поранешниот дефанзивец на Ајакс е додаден на листата на повредени на „црвените ѓаволи“, на која се и Џони Еванс, Мејсон Маунт и Лук Шо.

Тој оваа сезона одигра 20 натпревари во сите натпреварувања, а во Манчестер дојде во 2022 година. Со доаѓањето на Рубен Аморим на клупата, Мартинез стана редовен член на првиот тим, сепак оваа повреда ја заврши неговата сезона.