“ОВА Е СОН НА АЛБИН КУРТИ!“ – Уапсените косовски Срби ќе бидат обвинети за тероризам; Ана Брнабиќ: “Александар Вучиќ предупреди во ОН“

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека за нападот врз полицијата во Бањска се приведени шест лица и дека во полиција биле задржани до 48 часа.

Тие се осомничени за повеќе кривични дела, од кои едно е тероризам, се наведува во соопштението.

Исто така, како што пренесуваат тамошните медиуми повикувајќи се на полициски извори, како што пренесува Klix.ba, во меѓувреме е уапсен уште еден напаѓач кој е приведен во полициската станица во јужниот дел на Косовска Митровица.

Да потсетиме, во српскиот напад врз косовската полиција што се случи синоќа во градот Бањска на северот на оваа земја, загина еден косовски полицаец, додека други двајца беа ранети.

слика
слика

Косовската полиција наведува дека нивни припадници биле нападнати откако забележале блокада на патот, а ви размената на огнот загинаа тројца напаѓачи.

Откако косовската полиција ја стави ситуацијата „под контрола“, премиерот на КосовоАлбин Курти, извести дека кај уапсените е пронајдено огромно количество воено оружје со кое планирале напади врз косовските институции.

Како што нагласи Албин Курти, полицијата запленила стотина пушки, но и муниција.

Во денешната операција против вооружените терористи, косовската полиција заплени стотици пушки и муниција, вклучително и тешка воена опрема како што се митралези, гранати и друго. Нашата полиција останува во тесна соработка со КФОР и ЕУЛЕКС. Акцијата е во тек“, вели Албин Курти.

Претседателот на СрбијаАлександар Вучиќ, одржа прес-конференција по настаните на Косово и се осврна на деталите од акцијата на косовската полиција, но зборуваше и за напаѓачите кои се заклучиле во манастирот Бањска.

Александар Вучиќ тврди дека – „Србите се побунија затоа што не сакаат да го трпат теророт на Албин Курти“ и дека – „убиството на косовски полицаец е апсолутно за осуда“.