Ова не се случило неколку години: Почнува одмаздата на Израел, за само два дена спроведоа огромна мобилизација!

За кратко време израелската армија успеа да мобилизира околу 360.000 резервисти. Тоа е најголемата мобилизација во Израел од војната во Јом Кипур во 1973 година, кога беа мобилизирани 400.000 резервисти по ненадејниот арапски напад предводен од Египет и Сирија.

,,Во рок од 48 часа мобилизиравме 300.000 резервисти“, се пофали во понеделникот портпаролот на израелската армија.

Ова ги прави израелските одбранбени сили неспоредливи со остатокот од светот, коментира воениот аналитичар Франц-Штефан Гади.

Околу четири отсто од 9,8 милиони жители на земјата се поканети, од кои многумина се вратиле од странство поради повикот за војна откако Хамас го нападна Израел, според Вашингтон пост.

Некои волонтираа, иако беа над старосната граница за мобилизација.

,,Ги изгубив татко ми, вујко ми и братучед ми во војната во Јом Кипур“, објаснил за Вашингтон пост бизнисменот од Тел Авив, Ноам Ланир (56).

Ноам Ланир е еден од водачите на резервистичката група ,,Браќа и сестри по оружје”, која протестираше против планот на владата на Бенјамин Нетанјаху за ограничување на овластувањата на Врховниот суд.

Тој го дал својот приватен авион да ги превезе Израелците кои сакаат да се вратат дома од Италија и Грција.

„Го преживеавме Аушвиц, ја преживеавме војната во Јом Кипур. Ќе го преживееме и ова“, вели Ланир.

Израелците отслужуваат задолжителен воен рок од 18-годишна возраст, по што се испраќаат во резервниот состав, до 40-годишна возраст. Со оглед на тоа што многу Израелци брзаат да се вратат дома од странство, а многу авиокомпании ги откажаа летовите, цените на билетите вртоглаво пораснаа.

На аеродромот во Берлин чекаа неколку десетици Израелци со надеж дека ќе се качат во авионот за Тел Авив.

Војската прва, им рекоа, најавувајќи дека на летот можат да земат само десет луѓе без билет.

Националната авиокомпанија на Израел, Ел Ал, објави дека планира дополнителни летови.

Во европските земји беа испратени и два транспортни авиони Херкулес, соопшти армијата.

Летовите се полни, изјавија за новинарите на Вашингтон пост израелските резервисти кои се враќаат дома од аеродромот во Мајами, кој има директен лет на Ел Ал за Тел Авив.