ОВА СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ ШТО ЛУЃЕТО ГИ ПРАВАТ ВО СТУДЕНИТЕ ДЕНОВИ – Еве зошто почесто се разболувате: Докторите откриваат како успешно да се заштитите
Во недела започна зимското сметање на времето, деновите се скратуваат, а наскоро очекуваме и пониски температури. Освен сезоната на настинки и грип, чиј врв не очекува во декември и почетокот на 2024 година, има уште неколку здравствени состојби кои доаѓаат со постуденото време.
Истражувањето на 2.000 возрасни Британци покажа дека 39% од луѓето се загрижени за своето здравје во постудените месеци. На прво место е вирусот Ковид-19, потоа недостаток на витамин Д и јадење нездрава храна. Други зимски стравови вклучуваат сува кожа и усни, излегување веднаш надвор после туширање, будење и враќање дома по стемнување.
„Кога деновите почнуваат да се скратуваат и времето почнува да се менува, може да се смени и нашето расположение и однесување, што е сосема природно“, истакна д-р. Амир Кан.
„Наместо да поминуваат повеќе време на отворено, многумина од нас имаат тенденција да сакаат да останат внатре и да се релаксираат, а наместо да избираат да јадат различни здрави оброци, тие се одлучуваат за храна која прави да се чувствуваат сити и задоволни“, додаде тој.
И покрај промената на апетитот, 56% од луѓето не земаат никакви додатоци од декември до февруари за да помогнат во одржување на урамнотежена исхрана. Во постудените месеци докторите препорачуваат употреба на витамин Д, мултивитамини и омега-3.
„Земете неколку ореви, на пример. Тие се единствените јаткасти плодови што содржат значителни количини на есенцијална омега-3 алфа-линоленска киселина од растителна основа, нешто што телото не може да го произведе природно, а кое истражувањето покажува дека може да игра улога во здравјето на срцето, мозокот и здравото стареење“, заклучи д-р. Амир Кан.
Исто така, заедно со урамнотежена исхрана, не треба да се занемари физичката активност и редовниот сон.