Ова се симптомите на воспалени јајници! Ако забележите нешто од овие работи, одете на лекар: Многу е важно да добиете соодветен третман!

Воспалението на јајниците најчесто е бактериска инфекција која ги зафаќа областа на јајниците, јајцеводите и матката, а често е поврзана со воспаление на мочниот меур.

Ова чувство е многу болно и непријатно и треба да имате соодветен третман за да оздравите. Доколку се сомневате дека имате воспаление на јајниците, задолжително одете на лекар, за да ви препише антибиотици.

Постои можност да имате воспаление на јајниците, ако имате секс без да користите заштите, неизлечени вагинални инфекции, ослабен имунитет, долгорочно носење тесна облека, ненадејни промени во температурата, капење во ладна и нечиста вода, апендицитис или често мокрење. Ако имате инфекција на јајниците ќе ги забележувате овие симптоми:

– болка во карлицата;

– болка во долниот дел на стомакот;

-тешкотии при мокрење;

– омалаксаност;

-покачена температура;

– често крварење;

-болни сексуални односи;

-надуеност во карлицата;

– зголемен вагинален исцедок;

-гадење и повраќање;

Во случај да имате воспаление на јајниците потребно е да одите на гинеколог и да ја следите пропишаната терапија.

Најчеста терапији за воспаление на јајниците:

-антибиотици;

– аналгетици:

– одмор;

– здрава исхрана;

– уреден начин на живот со цел да се подигне имунитетот;

– болнички третман во тешки случаи;

– операција (за хронични долгорочни воспаленија кои оставиле последици, понекогаш е неопходен хируршки третман)

Третманот на воспалението на јајниците мора да биде интензивно, темелно и спроведено до крај!