Мрежата Х забранува објави доколку содржат зборови кои се сметаат за навреда на оваа социјална мрежа, а една дигна посебна прашина деновиве.
Сопственикот на Твитер, Илон Маск , минатата година напиша дека зборовите „cis“ и „cisgender“ се сметаат за навреди на оваа платформа.
Овие зборови опишуваат, како што често се објаснува накратко, личност чиј пол одговара на полот што го имаат при раѓањето и која ги исполнува родовите улоги кои се во согласност со општествените норми.
Вчера, 14 мај, оваа социјална мрежа објави официјално предупредување кое укажува и на зборови кои се сметаат за навреда.
Како што објави TechCrunch, корисниците кои се обиделе да објават нешто на Твитер користејќи ги зборовите „cis“ или „cisgender“ добиле предупредување.
– Објавата содржи зборови кои може да се сметаат за навреди, а се користат за прекршување на правилата на платформата – им рекол Х