Овој календар се продава во Русија: Путин како бодибилдер, буквата Z на градите а илустрацијата за месец ноември ги шокира сите (ФОТО)
Мускулестиот Владимир Путин е ѕвезда на илустрираниот календар за 2024 година што го продава организација за да им помогне на ветераните на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
Британскиот Дејли Телеграф пишува дека рускиот претседател е прикажан со отечени вени во црна маица со буквата „Z“ на насловната страница на овој календар .
Се наведува дека препорачаната продажна цена е 4.500 рубли (малку повеќе од 46 евра), но некаде ја продаваат за само 986 рубли (околу десет евра).
На илустрацијата што го одбележува ноември, кога ќе се одржат претседателските избори во САД , може да се забележи руски војник како стои пред зградата на американскиот Конгрес на Капитол Хил додека над неа летаат хеликоптер и дрон.
Историските референци изобилуваат во ова уметничко дело, така што илустрацијата за јули покажува војник кој клечи со пушка во раката додека знамето на СССР е зад него.
Септември покажува маскиран војник од кој на едната страна е средновековниот витез со меч и штит, а од другата страна е рускиот император Петар Велики.
Од почетокот на војната во Украина, Путин го пофали овој монарх од 18 век, првиот руски владетел кој се прогласи за цар и кој зеде земја што и’ припаѓаше на Шведска.
– Ќе помислите дека тој се бори против Шведска, дека ја окупира нивната земја. Но, тој не заплени ништо, туку само го врати – тврдеше во јуни 2022 година Путин.
Се вели дека календарот си поигрува и со емоциите, па илустрацијата за февруари е војник кој држи плишано мече во раката.
Во април, истиот војник прегрнува млада жена со кафена коса.
Во јуни, војник гали плишано мече.
Во август, друг војник милува кафеаво суштество со огромни уши и човечко лице.
Календарот има и илустрации посоодветни за војна, како што е ефектот на артилерија, оклопно возило и руска мечка со отворени вилици.