Овој човек ќе им ги замрси конците на Трамп и Бајден: Популарноста на Кенеди расте, се повеќе Американци сакаат да гласаат за него
Еден од пет регистрирани гласачи во САД е отворен да гласа за Роберт Кенеди Џуниор на претседателските избори во 2024 година, според најновото истражување на Универзитетот Монмаут.
Се наведува дека 21 отсто од анкетираните гласачи велат дека дефинитивно или веројатно ќе гласаат за Кенеди, доколку кандидати на Демократската и Републиканската партија се Џозеф Бајден и Доналд Трамп, пренесува порталот Хил.
Како што се наведува, независниот претседателски кандидат привлекува подеднаква поддршка, околу 14 отсто, од традиционалните гласачи на двете партии.
И покрај ова, 55 отсто од демократите имаат негативно мислење за Кенеди, додека кај републиканците тој број е многу помал, околу 17 отсто.
Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември 2024 година, а главни кандидати се очекува повторно да бидат Трамп и Бајден.