Полициски службеници од Националната полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (Канцеларија во Загреб) и Полициската управа Сплит-Далмација, во координација со Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал, од утрово спроведуваат две меѓусебно поврзани операции на подрачјето на повеќе полициски одделенија, извести МВР.
Во акциите беа опфатени неколку десетици лица поврзани со злосторства за злоупотреба на дрога. Како што јавуваат хрватските медиуми, уапсени се околу 40 лица.
Во акцијата биле опфатени вкупно 45 лица, потврди министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.
Запленети се повеќе од 80 тони дрога.