Одбележување на Денот на специјалната антитерористичка единица ТИГРИ

 Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на формирање на специјалната антитерористичка единица – ТИГРИ.

На настанот ќе говорат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и командантот на единицата ТИГРИ Драган Прокоповски.

Воедно ќе положат цвеќе и чест на спомен плочата на загинатите припадници на единицата ТИГРИ во касарната „Илинден“.