“ОДНОСИТЕ МЕЃУ РУСИЈА И САД СЕ НА НУЛА“ – Потпаролот на Кремљ тврди: “Дијалогот ќе мора да продолжи со текот на времето, но…“
Односите меѓу Русија и САД се на нула, па дури и под нулата, но бидејќи двете земји имаат посебна одговорност за глобалната и стратешка стабилност, на еден или друг начин, дијалогот ќе мора да продолжи со текот на времето, соопшти денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Во интервју за руски медиуми, тој кажа дека пропаѓањето на односите меѓу Русија и САД е иницијатива на Американците и изјави дека за еден ден да има средба меѓу претседателите на САД и Русија, Американскиот лидер во иднина ќе мора да заземе поконструктивен став по прашањето за билатералните односи.
„И тогаш условите за таква средба ќе бидат зрели“, тврди Дмитриј Песков како одговор на прашањето под кои околности би можело да има контакти меѓу лидерите на Русија и САД.
Тој додаде дека комуникацијата меѓу претседателите на двете земји може да се одвива со взаемна желба и взаемна подготвеност.
„Претседателот на Русија Владимир Путин повеќепати изјави дека е подготвен за сите контакти“, заклучи Дмитриј Песков.