Од декември на скијање во Кавадарци: Општината добива модерен ски центар

Општина Кавадарци ќе добие современ ски центар, кој ќе се изгради над Михајлово, а ќе започне да функционира за околу три месеци, односно во декември годинава.

Станува збор за проект во вредност од 231.660 евра, од кои 115.000 евра се донација од Комерцијална Банка, а останатите 115.000 евра се донација од компанијата Кожувчанка.

-Предвидена е изградба на ски лифт во должина од 370м со капацитет од 600 лица на 1 час, скијачки појас со капацитет од 800 лица, четири сезонски вртелешки, мобилна пумпа, црево со висок притисок 5броја x 20 метри мах 20 бар, филтри -4 броја, хидрант -4 броја, снежни топови -2 броја, заштитна мрежа -20 броја, информира градоначалникот Митко Јанчев.

Ски центарот беше негово предизборно ветување, и изградбата ќе започне периодов, со цел веќе до месец декември центарот да биде отворен за посетителите.