Тампон-зоната би можела да се прошири на речиси целата територија на Украина доколку продолжи воената помош на Западот за Киев, предупреди Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.
Во кратко видео што го објави на социјалните мрежи, Медведев покажа како, според руската визија, би изгледала новата тампон-зона. Снимката ја прикажува речиси цела Украина во зоната што руската војска би можела да ја стави под своја безбедносна контрола.
If military aid to the Banderite regime continues, the buffer zone could look like this: pic.twitter.com/0ueLOTeJaH
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) May 25, 2025
Путин најави создавање безбедносна зона на границата
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека методите што ги користат украинските вооружени сили и странските платеници се „терористички“ и затоа е донесена одлуката за формирање безбедносна тампон-зона долж руско-украинската граница.
– Веќе реков дека е донесена одлука за создавање одредена безбедносна тампон зона по должината на границата. Нашите вооружени сили моментално го решаваат овој проблем – рече Путин.
Тој нагласи дека руската армија активно ги уништува непријателските огнени позиции со цел да спречи понатамошни напади врз руските погранични региони.