ОД ПОЛИТИЧКА СУПЕР-ЅВЕЗДА ДО “САМИЦА“ – По бурното лето, следуваше и крај на бракот за Сана Марин: Поранешната премиерка на Финска го финализираше разводот

Поранешната премиерка на Финска, популарната Сана Марин, позната по своите атрактивни изданија на музичките фестивали и многубројните забави, го финализираше разводот со бившиот сопруг.

Како што пишува NY Post, крајот на бракот на финската политичарка се шпекулираше уште минатата година поради нејзиното опуштено танцување со нејзините познати пријателки, а минатиот мај таа објави дека таа и Маркус Раиконен се разделуваат откако се венчаа во 2020 година. Имено, разводот ја „мотивираше“ Сана Марин на бројни предизвикувачки изданија на фестивалите минатото лето кои кружеа на социјалните мрежи.

слика
Сана Марин

Да потсетиме, Сана Марин на почетокот на септември поднесе оставка од функцијата претседател на Социјалдемократската партија на Финска со надеж дека на тој начин ќе го оттргне вниманието од приватниот живот по четири години на чело на партијата, а разводот меѓу 37-годишната Сана Марин и Маркус Раиконен беше финализиран во понеделникот во судот во Пирканма, објави финскиот весник Yle. Кога поднесоа барање за развод пред осум месеци, тие објавија заедничка изјава во која ветија дека ќе останат „најдобри пријатели“.

Сана Марин и Маркус Раиконен, инвеститор и пензиониран фудбалер, имаат ќерка и беа заедно 19 години пред да се венчаат во 2020 година.

Заедно ја живеевме младоста, заедно зачекоривме во зрелоста и заедно станавме родители на нашата мила ќерка“, напиша тогаш Сана Марин во објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Инаку, Сана Марин стана најмладата премиерка на светот кога победи на изборите во 2019 година на 34-годишна возраст, но таа се најде на удар на критиките минатиот август кога протекоа видео-снимки од нејзините бурни забави.

Сана Марин сега е стратешки советник на Институтот „Тони Блер“, кој работи со политичките лидери за да се создадат вистински промени за нивниот народ преку советување за стратегија, политика и испорака. Таа, исто така, се пресели од Тампере во Хелсинки во октомври, откако се повлече од градското Собрание во финскиот град, објави Yle.