“Од септември досега имав шест афери со различни мажи, но тоа не е прељуба!“ – жена го шокираше Интернетот со нејзината интимна исповед: “Мажена сум, но се осеќам како девојче!“
Жена и мајка, која е во брак 26 години, изјавила дека од септември минатата година имала дури шест афери со различни мажи, пишува магазинот TMZ.
Лаура (45 г.) се омажила за својата сакана личност од детството во тинејџерските години. Флертувањето со други мажи никогаш не и паднало на ум до неодамна откако нејзините деца тргнале по својот пат во животот, открила таа.
Сметководителка по професија, Лаура од Дамфрис тврди дека нејзиниот сопруг и понатаму е единствениот маж за неа, и покрај нејзините вонбрачни активности, поточно љубовни афери.
„Нашите деца излетаа од гнездото и мојот сопруг ми стана многу здодевен. Поминав 20 години посветувајќи го својот живот за да се грижам за нив и кога одеднаш ги немаше повеќе во наша близина, се чувствував како да ми останува малку време. Со нетрпение очекував да поминам квалитетно време со мојот сопруг, но тој буквално го почувствува спротивното од мене“, вака ја започнала својата приказна Лаура. За разлика од неа, која сакала заедно со сопругот да посетуваат интересни места, да патуваат и едноставно да се шетаат, тој повеќе би сакал да остане дома.
„Воопшто не го интересира што сакам да правам, тоа е прилично досадно. И едноставно не го очекував тоа откако децата се иселија“, продолжиа Лаура. Како што кажала и самата, одамна „излегла од форма“, заборавила на флертувањето, а страв почувствува уште првиот пат кога се сретнала со друг маж.
„Но, тоа беше како да возам велосипед по прв пат. Никогаш не се работеше за тоа да најдам некој кој ќе го замени мојот сопруг, едноставно беше многу забавно и ме прави да се чувствувам повторно жива“, открила Лаура и додала дека своите љубовници ги гледала на различни места – во автомобилот, на село, во нивните куќи. …Таа дури открила јасна разлика помеѓу интимноста со нејзиниот сопруг и љубовниците.
„Кога имам врска со сопругот се работи за љубов, ние двајца сме поврзани. Но, со љубовниците тоа беше целосна страст без кочници и јас тоа го сакав“, објаснила таа.
Исто така, Лаура сè уште го смета нејзиниот сопруг за единствен, дури и откако запознала толку многу мажи за краток временски период. Како што вели, сè уште има очи само за сопругот. Токму поради ова, своето однесување не го смета за изневерување, туку за кратко задоволство кое нема вечно да функционира.