Од теорија до пракса, во Романија се отвора тренинг центар за украински пилоти – таму ќе научат да управуваат со авиони Ф-16

Романскиот министер за одбрана Ангел Тилвар и холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен денеска во Романија го отворија центарот за обука на украински пилоти со американски борбени авиони Ф-16.

Центарот за обука се наоѓа во воздухопловната база Борчеа, 150 километри источно од Букурешт, пренесува Телеграфи.

Холандија одвои 12 до 18 авиони Ф-16 за програмата за обука. На обуката учествуваат и романски пилоти.

Првите пет авиони од Холандија за обука пристигнаа во Романија минатата недела. Обуката за пилоти требаше да трае шест месеци.

Сепак, сè уште не е јасно кога украинската армија ќе може да ги користи овие авиони во војната.

Романија во моментов има 17 F-16 кои ги купи од Португалија и чекаат да бидат модернизирани.

Букурешт има купено и 32 авиони Ф-16 од Норвешка. Првите осум требаше да ги испорача Осло оваа година.