Од Хаг пристигна ново обвинение против Воислав Шешељ

Српската амбасада во Хаг доби ново обвинение за непочитување на судот против лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ и четворица негови соработници – Миљан Дамјановиќ, Љиљана Михајловиќ, Огњен Михајловиќ и Мирољуб Игњаварс.

Претседателот на СрбијаАлександар Вучиќ, синоќа гостувајќи во RTS го коментираше обвинението.

Против Воислав Шешељ и четворица негови соработници пристигна ново обвинение за непочитување на судот. На сите овие притисоци и ова го додадоа“, изјави  Александар Вучиќ.

За потсетување, Воислав Шешељ со правосилната пресуда на Хашкиот суд во 2018 година беше осуден на десет години затвор за поттикнување на прогон, депортација и принудно раселување и преселување на Хрватите во селото Хртковци во Војводина во 1992 година.

Воислав Шешељ на 6. мај 1992 година одржа говор во Хртковци, за кој Апелацискиот совет на Механизмот за меѓународни кривични судови, кој е наследник на поранешниот Хашки суд, оцени дека значително придонел за прогони, депортации и други нехумани дела.

Воислав Шешељ остана на слобода во Србија, бидејќи ја отслужи казната додека беше во притвор од 2003 до 2014 година.