ОД 1. АПРИЛ НАЈГОЛЕМИТЕ ПОРНО-САЈТОВИ ВО ЕВРОПА ЗАМИНУВААТ ВО ИСТОРИЈАТА !? Пристапот до вашите омилени страни за возрасни ќе биде отежнат ?

Почнувајќи од април 2024 година, трите најголеми порно сајтови ќе мора да ги отстранат сите штетни содржини или ќе бидат погодени од новите правила на Европската унија, соопшти во средата Европската комисија, пишува Politico.

ЕК соопшти дека новата регулатива ќе ги закачи „многу големи“ платформи како што се Pornhub, XVideos и Stripchat, кои ги посетуваат повеќе од 45 милиони корисници во Европа секој месец. Почнувајќи од следната година, за нив ќе се применува Законот за дигитални услуги на ЕУ, кој има за цел да ги отстрани нелегалните и штетни содржини. На секој што нема да ги почитува правилата од оваа регулатива му се заканува казна до 6 отсто од светскиот приход.

Треба да се запомни дека компаниите кои нудат содржини за возрасни, особено Pornhub, веќе подолго време се под лупата на јавноста, државните регулатори и сè повеќе – полицијата и обвинителството. Причината е што тие не прават ни приближно доволно за да ги отстранат нелегалните видеа од нивните платформи, како што се силување деца или интимни снимки чии протагонисти на кој било начин не дале дозвола да бидат објавени.

Затоа, регулаторите и политичарите ширум Европа бараат да се воведат дополнителни мерки на таквите страници, како што е проверка на возраста на нивните корисници, со цел да се спречат малолетниците да пристапат до нив.

Оваа одлука е голема победа за Европската комисија, која веќе подолго време се судри со големите порно платформи и која во последните месеци тврдеше дека немаат доволен број посети на нивните сајтови за да ги оправдаат построгите правила за регулирање на содржината. Pornhub има 33 милиони корисници месечно во Европа, Stripchat 32 милиони, додека XVideos вели дека има 160 милиони корисници само во Европа.

Во спротивно, правилата за големите онлајн платформи, кои ЕУ ги идентификуваше 19, ќе влијаат и на социјалните мрежи како Фејсбук, Инстаграм и Тик Ток.