„Комунална хигиена“ Скопје од 5 до 11 август ќе спроведе акција за бесплатно депонирање на цврст отпад. Од компанијата информираат дека контејнери за голем отпад ќе бидат поставени на вкупно 37 локации во сите општини во Скопје. Мотивот на оваа акција, како што велат, е да се избегне грдата слика во населбите кои се полни со стар мебел и друг крупен отпад. Во меѓувреме се надеваат дека граѓаните ќе ги почитуваат препораките на компанијата.
КОМУНАЛНА ХИГИЕНА
„Се надеваме дека во иднина жителите на сите општини на град Скопје ќе ги почитуваат препораките на компанијата и во секое време ќе можат бесплатно да депонираат ваков вид отпад во селективниот центар лоциран на улицата Илинденска, позади бензинската пумпа на Макпетрол.
Од општинската хигиена појаснуваат дека во општина Чари цврст отпад ќе се собира на раскрсницата помеѓу улиците Цветан Димов и Коста Абрашевиќ, на улицата Ферид Мурад, кај гимназијата Цветан Димов, во близина на топланата, на улицата Крсте Асенов бр. 5 во контејнерите кај чајџилницата „Пејтон“ и на раскрсницата меѓу улица „Дижонска“ и улица „Втора македонска бригада“.
Во општина Бутел ќе има контејнери за голем отпад на четири локации, Северно Скопје кај Стокомак, Бутел 2 на платото кај џамијата, на влезот во Радишани, пред црквата Свети Јован кај трансформаторот во Бутел 1. Во општина Шуто Оризаре на станицата на автобусот до 19 пред затворот „Жуто Лукс“ на паркингот позади општина Шуто Оризар. Во општина Сарај кај транспортната станица „Општинска хигиена“ и на локацијата стара општина Сарај. Контејнери ќе има и во многу други делови на главниот град.