„ОЛУЈА НА ВЕКОТ“ ВО РУСИЈА, УКРАИНА И МОЛДАВИЈА: Двоцифрен биланс на жртви, луѓе кои умираат во автомобили заглавени во снег
Ихор Клименко, министерот за внатрешни работи на Украина, соопшти дека во невремето во таа земја загинале десет лица, а жртви се забележани и во Русија и Молдавија.
Замрзнати ветрови и бури ја опустошуваат јужна Украина од неделата , блокирајќи ги патиштата и предизвикувајќи прекин на електричната енергија .
– Десет лица загинаа во областа на Одеса, Харков, Миколаев и Киев – напиша Клименко на Телеграм и додаде дека „23 се повредени, меѓу кои и две деца“ .
Тој изјави дека вкупно 411 населени места во 11 области се без струја , а луѓето морале да бидат спасени од повеќе од 1.500 возила .
Во руските медиуми наречена „бура на векот“ , жестоката бура која однесе неколку животи беснее во јужните региони на Дагестан, Краснодар и Ростов од неделата .
Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин ги следи извештаите за „метеоролошки катастрофи“ и веќе и наредил на владата да преземе мерки за помош на погодените области .
Огромни бранови се урнаа во руското крајбрежје на Црното Море , според снимките од социјалните мрежи, додека брзината на ветерот на некои места достигна повеќе од 140 километри на час .
Most of Ukraine is in the middle of snowstorms now. Many people are without electricity or heating, several roads have been closed. This is a highway in Odesa.
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 27, 2023
Rescuers and snow plowing equipment are working around the clock. pic.twitter.com/iJ5ZToyHIg
Две тела беа пронајдени во јужниот руски регион Краснодар , додека државните медиуми објавија дека еден морнар загинал во теснецот Керч меѓу Крим и Русија.
A storm washed away trenches in occupied Crimea that Russian army dug out on the beaches.
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 26, 2023
According to information from Crimean media, in Yevpatoria the water washed away the defense line on the coast, engineering buildings and firing positions.
The speed of wind at the coasts… pic.twitter.com/D9fFoISSYK
Во Молдавија се пронајдени тела на две лица во автомобил затрупан со наноси од снег во југоисточниот регион Коскали, објавија молдавските медиуми.