ОПАСНО – Полска ќе влезе во конфликт со Русија доколку Украина не успее да се одбрани: “Немаме друг избор…“

„Доколку Киев не успее да ја ‘одбрани својата независност’ на бојното поле, тогаш полската армија ќе мора да стане директен учесник во конфликтот со Русија, изјави полскиот амбасадор во Франција, Јан Емерик Рошчишевски за телевизијата LCI.

Доколку Украина не успее да ја одбрани својата независност, нема да имаме друг избор освен да влеземе во конфликтот“, посочи тој, а објавија странските медиуми.

Според амбасадорот, украинската криза е првенствено борба за основните вредности и култура на Западот, поради што е толку важно да се бранат.

Претходно, првиот човек на руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, истакна дека Вашингтон и Варшава работат на планови за воспоставување воено-политичка контрола врз Полска врз „историските поседи“ во Украина.

Според руските разузнавачки служби, Полска се подготвува да заземе територии во западна Украина, но овие наводи секогаш беа остро негирани од сите западни власти.