ОПШТА ТЕПАЧКА НА МАТУРАНТИ ВО НИШ: Срамен инцидент во средно училиште, едно момче заврши на Ургентно
Двајцата се матуранти во трета завршна година од средното образование.
Во Трговското училиште во Ниш утрово околу 9 часот двајца ученици од трета година се степале во холот на училиштето, а едниот поради повредите бил пренесен во Ургентниот центар.
Двајцата се матуранти во трета завршна година од средното образование . Директорот Сретен Марковиќ за медиумите вели дека се истражуваат околностите под кои се случила тепачката, пишува Југмедиа.
„Непријатно е кога ќе им се случи такво нешто на децата кои се матуранти. Ги презедовме сите мерки во наша надлежност. Сега и двајцата ученици се таму со своите родители, каде што ќе дадат писмени изјави во полиција за тоа што се случило. Ги известивме Управата на училиштето и Центарот за социјална работа“, вели директорот на ова училиште кој со повредениот ученик отишол на Итна медицинска помош.
Од полицијата во Ниш велат дека за овој инцидент е известено обвинителството.