– Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, вчера изјави дека Европската комисија сака да изнуди влез на Украина во Европската унија (ЕУ) без да ги процени последиците.
„Комисијата на ЕУ не ја направи својата домашна задача. Сакаат да изнудат влез на Украина во ЕУ без да ги проценат последиците по европските даночни обврзници и земјоделците“, рече Орбан во неделната радио програма.
Во својата изјава Орбан истакна:
„Ова е глупост! Комисијата би требало да се врати на таблата за цртање. Влезот на Украина во ЕУ не би требало ниту да биде на дневен ред.“
Гергели Гуљас, шефот на кабинетот на Орбан, во четвртокот изјави дека Унгарија нема да поддржи ниту еден предлог на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Украина.
Украина поднесе барање за членство во ЕУ на 28. февруари 2022 година, четири дена по рускиот напад, што Москва го нарече „Специјална воена операција.“
Европската комисија даде мислење за барањето за членство на Украина во ЕУ на 17. јуни 2022 година, по што Европскиот совет му додели статус кандидат на Киев.
Во декември минатата година украинскиот парламент усвои неколку закони што ги препорача Европска комисија за унапредување на процесот на пристапување на земјата во ЕУ.