Војната во Украина доби загрижувачки нов пресврт, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан по состанокот на Унгарскиот совет за одбрана, наведувајќи дека, и покрај сите напори на американскиот претседател Доналд Трамп, војната се продлабочува.
Орбан во видео, кое беше објавено на социјалните мрежи доцна синоќа, изјави дека „бриселските бирократи не ги поддржуваат мировните планови на Америка “.
Тој повтори дека Унгарија се противи на продолжувањето на војната во Украина и ги поддржува мировните напори на Трамп , додека Брисел , како што изјави, одлучи дека Украина треба да ја продолжи војната , објави МТИ
Орбан рече дека раководството на Брисел ќе изврши огромен притисок врз Унгарија да се приклучи на „провоената европска коалиција“ и дека Унгарија ќе се спротивстави на тоа. Тој посочи дека Советот за одбрана донел „неопходни одлуки“ во интерес на безбедноста на земјата.
„Ќе продолжиме да го браниме суверенитетот на Унгарија и безбедноста на унгарските семејства“, рече Орбан.