Орбан на Флорида, се сретна со Трамп и Маск: „Иднината започна“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго, а на средбата присуствуваа и идниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Мајк Волц и милијардерот Илон Маск.

„САД денес. Иднината започна! Попладне во Мар-а-Лаго со Доналд Трамп, Илон Маск и Мајкл Валц“, објави Орбан на платформата X, без да наведе повеќе детали.

Орбан и Трамп се сретнаа и во јули и разговараа за „можностите за мир“ во Украина, објави претходно портпаролот на унгарскиот премиер.

Транзицискиот тим на Трамп засега не објави ништо за оваа средба.