Османи утре во Брисел на средба со генералниот секретар на НАТО, Столтенберг

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на неговата посета министерот Османи ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Покрај средбата со генералниот секретар на НАТО, како што најавија од МНР, министерот Османи ќе се сретне со високи претставници на ЕУ. Во рамки на посетата министерот ќе одржи и брифинг во Центар за европски политики на тема „Северна Македонија и ЕУ: Движејќи се кон повеќе интеграција“.

Работната посета на Брисел, информираат од МНР, Османи ќе ја заврши со присуство на прием по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија во организација на нашите мисии во ЕУ и НАТО и Амбасадата на земјава во Белгија.