Осман ги убил ќерката и зетот на годишнината од бракот! Албанец, роден во Црна Гора, ги шокирал сите со своето злодело и ги завил семејствата во црно (ФОТО)
Приказната за Осман од Косово и неговиот злочин го шокираше светот. Двојното убиство се случи во Мелбурн, Австралија, ден пред Новата 2020 година, кога Осман Шаптафај ги убил својата ќерка и нејзиниот сопруг, откако се вратиле од патување за да ја прослават првата годишнина од бракот.
Ветон (29) и Линдита (25) Мусаи беа пар како на насловните страници на списанијата. Убави, млади, заљубени.
Што го поттикнало таткото на Линдита, возач на камион, да изврши такво грозоморно злосторство во нивниот дом?
Беше ден пред Нова година кога се вратиле дома околу 10:30 часот, а Осман ги начекал на вратата и ја застрелал во глава, убивајќи ја на лице место, а зетот завршил во болница, каде што починал еден ден подоцна.
Двојката живеела со семејството на Ветон додека го средувале својот дом.
Осман заѕвонил на вратата на младиот брачен пар, а потоа оставајќи ги жртвите мртви, отишол во парк недалеку од местото на злосторството и се обидел да си го одземе животот, со два истрели во главата. Тој преживеа, но претрпе последици од повреда на мозокот.
Тој подоцна се изјасни за виновен за двете убиства, а минатата година беше осуден на доживотен затвор, со минимална казна од 35 години по што може да бара условна слобода.
Во една од изјавите тој рекол дека поради психичката состојба не бил со здрав ум кога го извршил ова злосторство, а роднините на девојката ја започнале приказната дека Линдита се омажила за да се спаси од нејзиниот татко кој сакал да ја контролира и да и’ го претвори животот во пекол.
Што му претходеше на ова грозоморно злосторство?
МОНСТРУМ
,,Дејли Мејл” го нарече Осман „чудовиште“ и татко кој сака целосно да го контролира животот на својата ќерка. Тој наводно бил лут што неговата ќерка не го известила дека се омажила, и дека живеела далеку од него и без негово влијание. Тој не можел да се помири со тоа.
,,Дејли мејл” пишува и дека Осман е роден во Црна Гора, иако албанските медиуми го претставуваат како „Албанец од Косово“, и дека во Австралија дошол во 1988 година, каде што се оженил една година подоцна. Но, немал среќно семејство.
Осман ги мачел Линдита, нејзиниот брат и мајка си до 2008 година, кога му избегале. Братот на Линдита, Арбен, изјави пред судот дека неговиот татко бил опседнат да и’ се одмазди на Линдита.
Во 2011 година при расправија му ставил пиштол на лицето на синот и и’ се заканувал на ќерката која сакала да живее со нејзината мајка. Сите бараа забрана за приближување.
– Линдита го мразеше најмногу на светот поради тортурата низ која поминала.
„Таа веруваше дека нашето семејство ќе беше среќно да не беше тој“, изјави нејзиниот брат.
– Бевме тројца и конечно бевме среќни и мирни. Верувавме дека овој кошмар конечно можеме да го оставиме зад нас – вели Арбен.
Линдита, започнувајќи нов живот, се запознала со својот иден сопруг и сè било добро. Последните три дена пред смртта ги помина прославувајќи ја првата годишнина од бракот. Немаа поим што ги чека на враќање.
Осман инаку се обидел да се одбрани со состојба на депресија, во која наводно паднал откако доживеал сообраќајна несреќа со мотор, по што не можел да работи.
Судијата рече дека Осман бил лут затоа што неговата ќерка не го поканила на свадба, а зетот не побарал дозвола да ја ожени од него, нејзиниот татко. Останува непознато како ги знаел нивните движења на кобниот ден.
Судијата додаде дека убиецот не покажал каење со ниту една постапка. Особено сурово беше да се слуша сведочењето на братот на Ветон, Дрилон, кој една година по венчавката на брат му треба да го испланира погребот на својот брат и снаа.
Тој со солзи во очите изјави дека му е тешко затоа што нема да може повеќе да ја гледа насмевката на својот брат. Повеќе од 30 членови на двете семејства сведочеа дека нивните животи никогаш повеќе нема да бидат исти.
– Убивте два млади животи, а на две семејства им го променивте животот – соопштено му е на Осман во пресудата.